Руската полиција ширум земјата денеска апсеше осамени демонстранти кои на годишнината од руската инвазија врз соседна Украина, со антивоени слогани и метафорични гестикулации го изразуваа своето противење на војната, известуваат руските медиуми и организациите за заштита човекови права.
Во четвртиот по големиna руски град Екатеринбург беа уапсени најмалку осум лица, откако положиле цвеќе на споменикот на жртвите на политичката репресија, јави организацијата за правна помош ОВД-Инфо.
Според оваа организација, две лица биле уапсени и во Санкт Петербург поради положување цвеќе на споменикот на украинскиот поет Тарас Шевченко.
Во сибирскиот град Барнаул уапсаени биле пет лица, меѓу кои и маж кој на централниот плоштад носел плакат „Престани да молчиш“, јави локален портал.
Медиумите објавија и дека една жена е уапсена во градот Комсомолск, на Амур, затоа што држела транспарент: „Жал ни е, прости ни, ја уништивме сопствената земја“.