Руската новинарка Овсјаникова која „влета“ во ТВ студио доби обвинение

by Fokus

Рускиот истражен комитет отвори кривична постапка против поранешната уредничка на Канал еден (Channel One), Марина Овсјаникова, под обвинение за ширење лажни информации за руската армија, изјави нејзиниот адвокат Дмитри Захватов за руски медиуми.

Како што тој додаде, претресен е нејзиниот стан.

Во средината на март, Овсјаникова „влета“ во ТВ студио за време на програма во живо, држејќи транспарент како протест против тоа што Русија го нарекува „специјална воена операција во Украина“.

Поврзани новости