Марина Овсјаникова, која вчера упадна во тв-програмата на руската државна телевизија со транспарент против војната во Украина доби парична казна од 30.000 рубљи или околу 250 евра, за организирање неовластен јавен настан. Овсјаникова беше приведена по протестот, а претходно беше и пријавена за исчезната од адвокатите кои рекоа дека ја барале цела ноќ.
И Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека „Франција е подготвена да и` понуди „конзуларна заштита“ на руската новинарка, или во амбасадата или со давање азил. За храброста, Овсјаникова доби оддршка и од Европската комисија.
Во меѓувреме на Телеграм каналот на нејзиниот адвокат Антон Гашински сподели заедничка фотографија со Овсјаникова во судот.
Нејзината постапка од Кремљ беше окарактеризира како хулиганство.
Транспарентот на кој пишување „Не на војна, запрете ја војната, не верувајте на пропагандата, ве лажат тука“, со кој Марина застана зад водителката на вечерните вести, беше видлив неколку секунди, пред програмата да биде прекината. Овсјаникова исто така може да се чуе како извикува „Запрете ја војната“. Таа претходно снимила и видео порака во која вели дека се срами од работата на Првиот канал.
-За жал, работев на ‘Канал еден‘ во изминатите години, работев на пропагандата на Кремљ и се срамам што си дозволив да кажувам лаги преку телевизискиот екран. Се срамам што дозволив Русите да бидат претворени во зомбиња. Молчевме во 2014 кога сето ова започна и не протестиравме кога Кремљ го отру Навални, рече таа.
Претседателот на Украина во синоќешното обраќање им се заблагодари на Русите кои што се борат против лажните вести за војната во Украина.
-На сите кои се борат против дезинформациите, ја кажуваат вистината и фактите помеѓу себе, меѓу пријателите и своите блиски и лично на жената што влезе во студиото на телевизија „Канал еден“ со постер против војната. И на сите кои што не се плашат да протесираат, се додека вашата земја комплетно не се исклучи од остатокот од светот претворајќи се во една голема Северна Кореја, морате да се борите додека не се загубени сите шанси, рече Зеленски.
Случајот ја разбранува меѓународната јавност бидејќи медиумски работник се соочува со висока затворска казна, не запаметен во поново време.
-Ова е чин на неверојатна храброст, напиша на Твитер поранешниот американски кандидат за претседател и лидер на Демократската партија, Берни Сандерс. Случајот со Марина Овсијаникова се најде на денешата насловна страница на Градијан.Во Русија речиси декојдневно има анти воени демонстрации, на кои има голем број уапсени поради се поголемиот број Руси кои не ја поддржуваат инвазијата врз Украиана.