554
Руската новинарка Марина Овсјаникова потврди дека избегала од куќен притвор, во кој заврши поради наводно ширење на лажни вести.
„Се сметам за потполно недолжна, а како нашата држава одбива да ги почитува своите закони, јас одбивам да ја почитувам мерката забрана која ми е изречена на 30 септември 2022 година и се ослободувам од истата“, напиша Овсјаникова на својот Телеграм канал.