Руската истражна комисија побара апсење на осмиот обвинет за масакрот во Москва

by Fokus

Руската истражна комисија побара апсење на уште еден обвинет за терористичкиот напад во концертната сала Крокус Сити Хол во московскиот регион, откако седуммина обвинети претходно беа приведени, соопшти Окружниот суд во Басман.

Судот соопшти дека предметот на осмообвинетиот Касимов Алишер Хатамовив е предаден на судот.

Судот во Басман во Москва претходно им одреди притвор на Мухамедсобир Фаизов, Далерјон Мирзоев, Саидакрами Рачабализоди, Шамсидин Фаридуни, Диловар Исломов, Исроил Исломов и Аминчон Исломов до 22 мај.

РИА Новости објави дека сите обвинети ја признале вината и детално зборувале за нападот.

Најмалку 139 лица загинаа во терористички напад во близина на Москва во петокот, на 22 март. Групата Исламска држава во Хорасан (ИСИС-К) од Авганистан, која граничи со Таџикистан, ја презеде одговорноста за нападот.

Поврзани новости