Американците се и згрозени и лути откако руската државна ТВ мрежа и честиташе на Меланија Трамп за реизборот на нејзиниот сопруг Доналд за претседател на САД, прикажувајќи ги нејзините разголени фотографии на директен пренос. Информации за овој скандалозен потег на моќната ТВ мрежа, првпат е објавено на X (поранешен Twitter).
Во емисијата „60 минути“ на каналот Русија-1, инаку најгледаните во земјава, водителите Евгениј Попов и Олга Скабеева зборуваа за реизборот на Трамп и на екранот покажаа бројни фотографии од времето кога Меланија беше модел. Меѓу нив имало и фотографии на кои таа е гола, кои биле направени за приказна за неа, профил објавен во 2000 година во магазинот GQ. Таа и Трамп во тоа време веќе беа во врска.
Џулија Дејвис, која ја основа руската група за мониторинг на медиумите „Русија медиа монитор“, објави видео од шоуто со натпис: „Еве како најгледаниот државен телевизиски канал во земјата го поздрави неодамнешното враќање на Меланија Трамп во Белата куќа. Олга Скабеева се обидува да остане сериозна“. Оттогаш, нејзината објава е отстранета, но не пред некои други корисници на Твитер да ја споделат и да се рашири низ мрежата.
Луѓето на Трамп, кои беа контактирани од бројни медиуми за коментар, како и претставници на Skyhorse Publishing, издавачката куќа на Меланија, сè уште не коментираат.
Во коментарите на социјалните мрежи, корисниците пишуваат дека „Путин ја покажува својата надмоќ над Трамп, а со тоа и над целата (наша) земја“ и дека рускиот претседател „не покажува суптилно кој е шеф“.
За време на шоуто, Олга Скабејева очигледно ја задржала смеата бидејќи ко-водителот (и нејзиниот сопруг) Попов рече: „Сега кога сопругот на Меланија конечно победи, таа се подготвува да се врати во Белата куќа. А еве како изгледала Меланија во 2000 година. Ова е насловната страница на списанието GQ Идната прва дама лежи на крзно во неглиже. Снимена е покрај и во приватен авион (за кој британски The Sun тврди дека е поранешниот Боинг 727 на Трамп). На една од фотографиите носи само долна облека, а лежи на син тепих со американскиот грб, како уредниците на тоа машко списание да знаеле нешто за иднината на нивниот модел“.
Репортажата за Меланија заврши со музика и серија фотографии, и глас кој вели: „Што навистина значи „моето тело, мојот избор“?“. Тоа е алузија на промотивното видео што првата дама го објави на X во септември, пред објавувањето на нејзината автобиографија, „Меланија“.