Руската чудесна лизгачка среде скандал – позитивна е на допинг

by fokus

Руската лизгачка, петнаесетгодишната Камила Валиева, која пред три дена влезе во историјата на Олимписките игри се најде меѓу еден од најголемите олимписки скандали откако ноќеска руските медиуми, но и Inside the Games објавиле дека Валиева била позитивна на допинг тестот којшто го направила пред епохалниот триумф.

Валиева паднала на тестот бидејќи во крвта и е пронајден забранетиот лек Триметазидин, кој се зема за лекување на срцеви проблеми.

Овој лек исто така ја зголемува издржливоста и ја подобрува циркулација на крвта. Меѓународниот одбор на неодредено време ја одложи свеченоста на доделувањето на наградите поради правните консултации коишто најрано треба да завршат денеска.

Inside the Games пишува дека Валиева го направила тестот пред игирте во Пекинг. Меѓутоа, таа според Светскиот антидопинг правилник спаѓа во заштитени лица бидејќи, според него, спортистите кои немаат 16 години не може да бидат официјално прогласени за виновни за анти-допинг прекршок. Затоа Валиева, ако биде прогласена за виновна, веројатно ќе добие поблага казна од најстрогата.

Сепак на Валиева и се заканува забрана за натпреварување во поединечна конкуренција, а Русија може да го изгуби златниот медал. Русите инаку убедливо победија со 74 бодови пред Американците и Јапонците, а прогласувањето требаше да биде уште во вторник, но беше одложено.

Валиева е првата жена која успеа да изведе два совршени четирикратни скока во финалото. Се обиде да направи и трет, но падна. На крајот освои злато со вкупно, 178, 92 бода.

Поврзани новости