Руската армија го онеспособи главниот комуникациски центар на вооружените сили на Украина

by fokus

Руската армија денеска го онеспособи главниот комуникациски центар на вооружените сили на Украина во предградието на Киев, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

– Утрото на 12 март, високопрецизно оружје со долг дострел ја погоди украинската воена инфраструктура. Воениот аеродром во Василково и главниот центар на радио и електронската разузнавачка служба на Вооружените сили на Украина во Бровари беа ставени вон функција, соопшти Конашенков.

Тој исто така рече дека руските сили уништиле „речиси 3.500 украински воени објекти од почетокот на воените операции во Украина“.

– За време на операцијата вон функција се ставени 3.491 објекти на украинската воена инфраструктура, уништени се 123 беспилотни летала, 1.127 тенкови и други оклопни борбени возила, 115 повеќецевни ракетни системи, 423 полски артилериски и минофрлачки топови, 934 специјални воени возила, рече Конашенков.

Поврзани новости