472
Руската амбасада во Македонија го предлага Турски тек како решение за високата загаденост во Македонија. Предлогот е споделен на социјалната мрежа твитер и следи откако амбасадата на САД во Македонија повика да се дадат идеи за решавање на овој проблем.
„Аерозагадувањето во Скопје беше толку густо денеска, што беше невозможно да се забалежи амбасадата! Кои идеи ги имате за чист воздух во Македонија?“, напишаа на твитер од амбасадата на САД.
Неколку часа потоа следеше одговор на дипломатите од руската амбасада.
„Бидејќи нашите пријатели од амбасадата на САД бараат идеи за аерозагадувањето во Македонија, ние сакаме да помогнеме со решение. #Турски тек“, стои во твитот.