Руската амбасада до Пендаровски: Русија не се мешала и не се меша во внатрешните работи на Македонија

by fokus

Амбасадата на Русија во Скопје реагира на изјавите на претседателот Стево Пендаровски и ги отфрла обвинувањата изнесени во две негови интервјуа во изминатите денови кога рече дека „Руската Федерација преку хибридни напади ги злоупотребува протестите“ против францускиот предлог, како и дека „сè соочуваме со сериозна кампања на дезинформации продуцурана од Русија, иста како по Преспанскиот договор“.

-Обрнавме внимание на изјавите на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во интервју за ТВ 21 на 8 јули и за весникот ‘Етнос‘ на 10 јули во врска со деjствата на Русија во РСМ и во балканскиот регион во целина.

Ги отфрламе обвинувањата упатени против нашата земја – Русија не се мешала, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава, вклучително и Северна Македонија, – и покрај тоа што се обидуваат да ја фатат со ова. Ова е во спротивност со самата филозофија на руската надворешна политика. Добро е познато дека ваквите обиди никогаш не го носат посакуваниот ефект и на крајот ги дискредитираат оние кои прибегнуваат кон такви методи.

Ние го почитуваме кој било избор на македонскиот народ, подготвени сме и понатаму да ја градиме нашата соработка заснована токму на ваквата основа – на меѓусебно почитување и еднаквост, се вели во соопштението од руската амбасада.

Поврзани новости