Министерот за надворешни работи Бујар Османи го отвори министерскиот совет на ОБСЕ и во своето воведното обраќање ги повика присутните да постигнат консензус околу претседавањето на Малта.
Тој им посака добредојде на присутните делегации во градот каде се вкрстуваат различни култури и потсети на земјотресот од 1963 кога светот му помогна на Скопје.
„Имам три клучни пораки како претседавач. Северна Македонија го презема ОБСЕ во време на активна војна и закана за европската безбедност и меѓународниот мир. Руската агресија врз Украина ги прекрши правилата на оваа организација и ја наруши европската и човечката безбедност, дијалогот и ги уништи животите на луѓето кои сакаат да живеат слободно и без страв од војна.
Наместо колективниот интересен се постигнуваат себични национални интереси. Ова создаде тешка околина на делување и наспроти ова останавме решителни да служиме како бранители на вредностите на ОБСЕ и мнозинството од земјите членки го избегнавме дефетизмот и да ги претставиме предизвиците за постоењето на ОБСЕ.
Успеавме да постигнеме релевантност на организацијата. ОБСЕ остана решително наспроти сите предизвици и продолжува да работи и да ги организира сите активности и да ја продолжува мисијата наспроти сите предизвици. Неколку мисии продолжуваат да помагаат во регионите и активно се вклучивме во сите региони, наспроти тешките конфликти во Украина и Блискиот Исток. Мора да го зајакнеме ОБСЕ за иднината. Ќе продолжиме да нудиме решенија за овие критични предизвици и мило ми е што најдовме претседавач за 2024“, рече Османи.