На социјалните мрежи се шират снимки и фотографии од Камила Бељачкаја (24), млада руска актерка која почина во Тајланд. Девојката вежбала јога на карпа на островот Кох Сумуи кога огромен бран ја повлекол во морето.
Помош пристигнала по петнаесетина минути, а во меѓувреме очевидци се обиделе да ја спасат, но веќе било доцна.
Очевидци велат дека случаен минувач се обидел да скокне во брановите и да ја спаси, но не успеал. Само неколку минути претходно, Камила се снимила како безгрижно вежба на својата јога подлога.
Камила, туристка од Новосибирск, третиот по големина град во Русија, престојувала на Кох Самуи со своето момче. Според извештаите, таа отишла во Lad Ko Lookout за да ужива во погледот на брановите и да вежба.
Ова не е прв пат Бељачка да го посети Тајланд. На социјалните мрежи таа често ја изразувала својата љубов кон ова место, нарекувајќи го островот свој „дом“ и „најдобро место на светот“.
„Толку многу го сакам Самуи. Ова место, оваа карпеста плажа, е најдоброто нешто што сум го видела. Фала му на универзумот што сум тука. Среќна сум!“ – напишала таа.
Во последната година Тајланд го посетиле 1,48 милиони Руси.
Центарот за спасување ги предупреди туристите да избегнуваат карпести области за време на високи бранови, нагласувајќи дека тоа не е област погодна за капење, туку само за уживање во погледот на брановите.
Потрагата по анонимниот маж кој се обидел да ја спаси актерката се уште трае, пишува Дејли Мејл.