Русјаков: Интелектуалнава бижутерија се фатила за ќерките на Ванковска кои докторирале по светот

by fokus

Македонија се подготвува за референдумот, а голем дел од јавните личности се изјаснуваат околу тоа прашање. Некои од нив јавно пред ТВ екраните го искажуваат своето мислење, додека пак останатите преку социјалните мрежи.

Писателот и режисер, Александар Русјаков, на својот профил на Фејсбук порача дека граѓаните не треба да паѓаат на „финти“.

„Овие упорно мислат дека сме ретардирани. Демек поништи ливче и така бојкотирај, односно кревај им цензус. Излези и бојкотирај, да, ама излези од државава, од градов, излези во град,на ручек, во природа, низ парк.
А да, интелектуалнава бижутерија се фатила за ќерките на Ванковска кои докторирале по светот.
Е па, факти за договорот: Не ти треба овој шупачки наци договор за промена на име и идентитет, оти децата можат да ти студираат по светот и без него, Треба само да ги бива.
Значи, бојкотирај и не паѓај на вакви финти“, посочи Русјаков.

Поврзани новости