415
Наградата „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување годинава му се доделува на авторот Александар Русјаков за романот „Хотел меѓу две војни“.
Комисијата во состав Јасминка Делова-Силјанова (претседател) и членовите Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолска, едногласно одлучи од доставени 22 книги на конкурсот, наградата да се додели за ова прозно остварување кое плени со својата оригиналност и нестереотипен раскажувачки дискурс.
Почесното Рациново признание годинава му припадна на проф. д-р Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад, истакнат српски лингвист и редовен професор на Филозовскиот факултет во Нови Сад.