Русија рано утринава го нападна Киев со крстаречки и балистички ракети и беспилотни летала, а според прелиминарните податоци нема повредени и причинета штета во тие напади, соопшти украинската армија.
Украинските системи за противвоздушна одбрана го уништија целото воздушно оружје што Русија утринава го лансираше во Киев, напиша шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко.
Очевидци изјавија за Ројтерс дека слушнале неколку експлозии кои звучеле како украинска противвоздушна одбрана. Нема информации дали руските напади предизвикале штета во регионот на Киев.
Предупредувањето за воздушен напад траеше неколку часа низ Украина, вклучително и пограничните региони на границата со Полска.
Оперативната команда на полските вооружени сили објави на платформата X дека полските и сојузничките авиони се активирани како мерка на претпазливост, што е често случај кога Русија изведува воздушни напади во западните региони на Украина.
Еден цивил загина, а три лица се ранети во украинско гранатирање во градот Шебекино во руската област Белгород, изјави гувернерот на тој регион на границата со Украина.