Катастрофална е состојбата во украинскиот град Мариупол. За ова говори и градоначалникот Вадим Бојченко. Тој изјави дека во двете години окупација на Мариупол за време на Втората светска војна, нацистите убиле десет илјади луѓе. Бојченко вели дека Русите го удвоиле тој број за време на двомесечната опсада на градот.
Според градоначалникот, ова е еден од најлошите геноциди во модерната историја.
Претходно, се споменуваше бројка од 20.000 загинати цивили.
Според некои информации од разузнавачи, на 9 мај, Русија ќе и објави тотална војна на Украина. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на републиките Доњецк и Луганск. Таму има руско население, но Украина не сака да прави компромиси за територијалниот интегритет.
Aнкетите покажуваат дека и со децении нема да има помирување меѓу двата народи.