Русите влегоа во Кремина, Украинците тврдат дека Мариупол сè уште се брани

by Fokus

Руската армија денеска навлегла во источниот град Кремина, додека руските трупи што се наоѓаат во блискиот град Рубижне се под интензивен украински оган, пренесува БЕТА.

Како што јавуваат француските медиуми, украинското Министерство за одбрана објави дека е исклучително тешка ситуацијата во пристанишниот град Мариупол на Азовското Море што е под опсада на руските сили, но дека градот се уште се брани.

„Имаше голем напад во текот на ноќта“, објави гувернерот на Луганск, Сергеј Хајдај, на својот фејсбук-профил, додавајќи дека руската армија влегла во Кремина со бројно надмоќно тешко вооружување, додека украинските војници се прегрупирале на нови позиции.

Кремина е град со околу 18 илјади жители сместен на половина пат меѓу Луганск и Краматорск, главниот град на Украина Донбас, и една од главните руски цели во регионот. Градот е во близина на Рубижне кој во понеделникот беше под силен украински оган.

Поврзани новости