915
Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Черашченко, попладнево изјави дека руските сили влегле во областа Чернобил од Белорусија.
-Во борбите можеби е оштетен и објектот за складирање нуклеарен отпад – изјави советникот.
Тој додава дека украинската Национална гарда продолжува да ги штити небезбедните радиоактивни извори.
-Доколку артилерија ги погоди складишта за нуклеарен отпад, радиоактивната прашина ќе ја покрие цела ЕУ – рече тој.