Русите уништија 30 автобуси за евакуација на цивили“, вели градоначалникот на Мариупол

by Fokus

Градоначалникот на Мариупол, пристаниште во јужна Украина, рече дека неговиот град се соочува со „хуманитарна блокада“ поради недостигот на комунални услуги.

Руските воени единици ги прекинаа сите 15 далноводи до градот, кој веќе пет дена е без струја, изјави градоначалникот Вадим Бојченко за украинската телевизија.

Тој додаде дека луѓето се тресат во становите бидејќи сите топлани се напојуваат на струја. Ниту мобилната комуникација работи без струја, објасни тој. Уште пред почетокот на војната, главниот градски водовод бил затворен, па пет дена по почетокот на инвазијата, сите резерви на вода биле исцрпени.

Тој ја обвини руската страна дека методолошки пристапува кон исклучувањето на сите комунални служби и со тоа го зголемува притисокот.

Бојченко ја обвини и руската армија дека пука во автобуси кои требаше да ги евакуираат цивилите од градот долж хуманитарниот коридор. Од 50 автобуси останаа само 20, рече Биоченко.

„Можеби нема да имаме автобуси до следната можност за евакуација“, рече тој.

Оваа информација не може независно да се потврди, јави Дпа.

Биоченко го повтори повикот за воспоставување коридори за старите, жените и децата да го напуштат градот.

Поврзани новости