Русите собориле дрон што се движел кон Москва

by Фокус

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека руската противвоздушна одбрана уништила украинско беспилотно летало кое се приближувало до руската престолнина.

И руското Министерство за одбрана соопшти дека во областа Подолски во Московската област, системот за противвоздушна одбрана уништил украински дрон.

Од аеродромот Внуково претходно информираа дека од безбедносни причини дел од летовите биле пренасочени.

Поврзани новости