Русите со дронови ја нападнаа Одеса

by Фокус

Руската војска ноќеска со беспилотни летала ги нападна градот и регионот Одеса. Сирените во украинскиот црноморски град биле активирани во 00:57 часот, пренесува БТА.

Во Одеса се слушнале силни експлозии, а локалните власти го повикаа населението да остане на безбедни места.

- Advertisements -

На брегот на Црното Море кружат 10 дронови кои постојано маневрираат, јавуваат украинските медиуми.

Под закана се градовите со капитална инфраструктура – Одеса, Черноморси, Јужни, Вилково, Белгород Днестровск и Затока.

Поврзани новости