Русите се повлекуваат од Херсон, Украинците со нови обвинувања

by Fokus

Руската армија денеска соопшти дека почнала да се повлекува од областа Херсон, каде што е во тек украинската контраофанзива против руските сили на југот на Украина.

Руските сили имаат намера да преминат на источниот брег на реката Дњепар.

„Единиците на рускиот контингент маневрираат кон позициите поставени на левиот (источниот) брег на реката Дњепар, во согласност со одобрениот план“, соопшти руското Министерство за одбрана. Тоа повлекување вклучува и напуштање на градот Херсон, единствениот регионален главен град што Кремљ го зазеде од крајот на февруари, кога почна офанзивата во Украина.

Од друга страна, Украинците тврдат дека руските сили што се повлекуваат од Херсон ја уништуваат сообраќајната инфраструктура.

Тие забележуваат дека руските војници се движат многу бавно. Украинските власти размислуваат дали ова е намерен потег за да ги намамат украинските сили во стапица.

Поврзани новости