Руските сили рано утринава извршија интензивен воздушен напад врз Киев користејќи беспилотни летала и крстаречки бродови, а можеби и балистички ракети, објавија градските власти. Ова е осми воздушен напад овој месец.
„Тоа беше исклучително во однос на интензитетот – максимален број проектили во најкус можен рок“, објави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација на главниот град на Украина.
„Според прелиминарните информации, повеќето од непријателските цели во воздушниот простор на Киев се откриени и уништени“, додаде тој.
Massive number of outgoing Ukrainian SAMs during tonight’s Russian air raid on Kyiv. pic.twitter.com/G0sahlmTZo
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) May 16, 2023
Како што изјавија официјални лица за Ројтерс, утринава урнатини паѓале во областите Оболонски, Шевченковски, Соломјански и Дарницки во Киев.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм напиша дека во неколку општини се слушнале експлозии, а остатоци паднале во зоолошката градина, а неколку автомобили се запалиле во општина Соломјански.
Украинските служби за итни случаи објавија фотографии од пожарникарите кои гасат пожари во Киев по рускиот ракетен напад утринавa.
Київ. Поки вартові неба захищають нас від ворожих ракет, рятувальники завжди поруч.
Дякуюємо, герої без зброї, за самовіддану працю!
Фото: Pavlo Petrov pic.twitter.com/QPqosWgBrK
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) May 16, 2023