480
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешниот огромен руски ракетен напад врз енергетската инфраструктура на Украина, на Фејсбук објави фотографија од еден од нападнатите објекти.
„Оваа фотографија е само еден пример што покажува како непријателот се обидува да не скрши. Тоа се удари врз критично важни објекти. Типична тактика на терористите. Светот може и треба да го запре овој терор“, напиша Зеленски.
Истовремено, Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека украинските сили ја потиснале руската војска од две населени места во регионот Херсон – Чаривна и Чкалова.