708
Украинската воена разузнавачка служба објави дека располага со информации оти руски специјалци поставиле експлозив во голем број инфраструктурни објекти во Доњецк контролирани од проруските сили.
„Ваквите потези имаат за цел да ја дестабилизираат ситуацијата на привремено окупираните територии на нашата земја и да создадат основа за обвинување на Украина за терористички напади“, објави украинската воена разузнавачка служба на својот официјален профил на Твитер.
Службата ги повика жителите на Доњецк да не ги напуштаат своите домови и да не користат јавен превоз.