Русите по грешка бомбардирале нивно село

by Fokus

Руската војска потврди дека во вторникот случајно го бомбардирала руското село Петрапавловка во областа Воронеж во близина на Украина.

Во исто време, Русија продолжува со жестоките напади врз украинските градови Киев и Харков, во кои, како што тврдат украинските власти, се насочени главно кон цивилни објекти, што резултира со многу повредени и најмалку четворица загинати.

Руската армија бомбардирала и руско село кое се наоѓа на 150 километри источно од украинската граница.

-На 2 јануари 2024 година, околу 9 часот по московско време, за време на летот на авијацијата, имаше ненормално ослободување на оружјето на авионот над селото Петрапавловка во регионот Воронеж. Нема жртви, соопшти руската армија, пренесува АФП.

Селото Петропавловка се наоѓа на 150 километри источно од украинската граница. Во инцидентот се уништени шест семејни куќи, а покрената е истрага за тоа што се случило, пренесува Москва тајмс.

Објавите на социјалната мрежа Телеграм покажуваат уништени куќи и расфрлани остатоци, како и кратер на местото на падот на ракетата во центарот на селото.

Русија утрово со ракети ги нападна украинските градови Киев и Харков, соопштија властите на тие градови, откако Москва најави одмазда за минатонеделниот украински напад врз Белгород.

Поврзани новости