Најмалку едно лице загина во новата серија руски напади што утрово Русија ги изврши врз Киев и други украински градови. Реагираше и Полска, која како мерка на претпазливост ги подигна своите борбени авиони.
Украинските медиуми јавуваат дека околу 7 часот по локално време се слушнале две силни експлозии во центарот на главниот град, а по околу 45 минути одекнале уште две. Како што е наведено, ПВО работи континуирано.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека се прави се за да се одбрани градот и апелираше граѓаните да останат во своите засолништа.
„Два далноводи во главниот град беа оштетени за време на нападот, што доведе до затемнување во некои делови од градот“, рече Кличко.
Најмалку едно лице загина во нападот на градот Николаев, а оштетени се повеќе од 20 станбени згради, објави градоначалникот Александар Сиенкевич.
Олег Синехубов, гувернер на Харковската област во североисточна Украина, рече дека руски проектили погодиле нестанбена инфраструктура во градот Харков, административен центар на регионот.
Напади беа пријавени и во областите Николаев и Лавов.