Русите ја нападнаа Украина со ракети

by Фокус

Најмалку едно лице загина, а четворица се повредени во руски ракетен напад врз Днепропетровск. Најмалку уште едно лице е рането во Харков, јавуваат агенциите.

Во областа Днепропетровск едно лице загина, а четворица се ранети во руски ракетен напад, изјави гувернерот на регионот Серхеј Лисак. Според него, двајца од ранетите се во критична состојба.

- Advertisements -

Во утринскиот ракетен напад, украинската противвоздушна одбрана собори 14 од 19 истрелани проектили, изјави воениот портпарол Јуриј Ихнат. Ракетите беа соборени во областа надвор од Киев и централниот регион Дњепропетровск.

Според шефот на регионалната воена администрација Олег Синегубов, градот Харков во источна Украина „беше погоден шест пати“. Првите информации укажуваат дека руските сили користеле ракети С-300 во нападот, пренесува AFP.

Поврзани новости