Русите испратиле воени делфини на Крим, открија американски сателити

by Fokus

Русија довела тренирани воени делфини во поморска база во Црно Море, веројатно за да ја заштити сопствената флота од подводни напади.

Американскиот поморски институт ги анализира сателитските снимки на базата во пристаништето Севастопол и заклучи дека две засолништа за делфини се преместени во база, кога во февруари Русија ја започна инвазијата во Украина.

Русија има долга историја на тренирање делфини за воени цели и ги користи овие цицачи за извлекување предмети или одвраќање на непријателски нуркачи.

Базата во Севастопол е клучна за руската војска бидејќи се наоѓа во јужниот дек на Крим кој Москва го окупира во 2014 година. Според американската анализа, многу руски бродови иако се надвор од дометот на ракети, потенцијално се ранливи на напади од подморници.

Украина исто така тренира делфини во аквариум во близина на Севастопол, во програма која датира од советската ера.

Во текот на Студената војна и САД и Советскиот Сојуз развија употреба на делфини чии способности овозможија да откријат објекти како подводни бомби. САД имаат потрошено најмалку 28 милиони долари за одржување на флоти од воени делфини.

Поврзани новости