Руските сили вечерва го гранатираат и украинскиот пристаништен град Миколаив, објави регионалниот гувернер.
Руските сили денеска гранатираа три градови во Украина, вклучително и два на западниот дел на земјата, со што се проширува опсегот на нејзината воена офанзива.
Во гранатирањата се погодени аеродромите во Луцк и Ивано-Франковск, далеку од главните области на конфликтот, како и станбени згради во стратешки важниот град Днипро.
Руските вооружени сили не постигнале напредок во Украина во последните 24 часа, изјави советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, рече дека Украина достигна „стратешка пресвртница“ во војната со Русија во неговото најново обраќање до украинскиот народ.