383
Руската армија изминатата ноќ го гранатираше Миколаев, при што се ранети девет лица, соопшти денеска градоначалникот на Миколаев, Олександар Сиенкевич.
Според него, четворица ранети сè уште се во болница.
– Миколаев синоќа беше силно гранатиран. Оштетени се станбени згради. Според прелиминарните податоци девет лица се ранети, а четворица сè уште се во болница, се вели во соопштението на градоначалникот на Миколаев, објавено на неговиот канал на Телеграм.