За прв пат од почетокот на војната во Украина, руските сили заробиле двајца Американци во близина на Харков, дознава британски Телеграф.
Тоа се Александар Друк (39), поранешен американски војник во Ирак и Анди Хуин (27), американски маринец кој досега не учествувал во активна борба.
Според британски Телеграф, тие биле заробени минатата недела во борбите во областа Харков.
И двајцата служеле како доброволци во украинската армија и се верува дека се првите американски воени затвореници во Русија.
Според Телеграф, Хуин и Друк биле дел од десетчлениот одред кој како резултат на „неточни информации“ се сретнал со руските сили – два тенкови и околу 100 војници.
„Бевме на мисија и целата работа одеднаш целосно полуде. Имавме неточни информации. Ни рекоа дека градот е чист, а испадна дека Русите веќе го напаѓаат“, изјави нивниот соборец за Телеграф. , не сакајќи да го открие своето име.
„Тие дојдоа со два тенкови Т-72, повеќе оклопни возила и околу 100 војници. Се што имавме беше нашиот одред од околу 10 луѓе“, додаде тој, објаснувајќи дека Хуин и Друк исчезнале по судирот со Русите.