Русите доаѓаат!

by Фокус

Марионетите на западните кукловоди, забораваат или се прават недоветни дека  руското влијание кај нас заврши уште во далечната 1948, со историското „не“! Политиканти, кои со „трипер формула“ прават вештачка поделба на антиевропејци и русофили: подлизурковците што се за уставни измени, божемски биле прозападно ориентирани, а сите останати русофили.

Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Беспоштедна борба против руското влијание! Секој ден во секој поглед, опсесивната реторика на господарите на апартхејдот NMK и нивните подопашници добива примарна улога на имагинарно плашило, кое ги поткопува стратегиските цели и интереси на македонската територија!

Чуварите на гнилиот и корумпиран систем глумат уплав од „Големата мечка“. Од уста не ја вадат фатаморганата „руско влијание“, која со „бела“, „сива“ и „црна“ пропаганда, преку дипломатски и разузнавачки капацитети врши тотална контрола и влијание врз медиумите, политичките субјекти, НВО, МПЦ и недобудниот народ!

Русите доаѓаат“! Филм од пред речиси шест децении на канадскиот режисер Норман Џуисон, во кој се исмејува параноичната политичка пропаганда во периодот на Студената војна, за потенцијална руска инвазија врз САД.

Денес, министерот по надворешни, кој „душа дава за NMK“, Бујар Османи, „снима“ римејк на истоимениот филм!

Според миксиран синопсис од кристална топка, сижето на содржината е дека „Украина е само првата станица на руската империјална амбиција, следната е Балканот“.

„Геополитичкиот стратег“ од sui generis Министерството за политички систем, Артан Груби, пак, ја стигматизира Русија дека правела сѐ за да наштети на прогресивните сили во Македонија.

Убеден е дека „Владимир Владимирович Путин поттикнува меѓуетнички тензии и конфликти“.

За да не биде покус, „лидерот што носи мудри одлуки“, Димитар Ковачевски, го дополнува: „Тоа се факти што сите ги знаат, затоа мајските избори ќе бидат избор меѓу Запад и Исток“.

Нејзината екселенција, Анџела Агелер им збори дека „нема конкретни сознанија за можно руско влијание во претстојниот процес, иако има присуство во регионот“. Џабе. Тие сакаат да бидат „поголеми католици од папата“!

ТРИПЕР ФОРМУЛА

Сироти, тешки се и на Господ! Сој што фрла прашина и наметнува тези за присуство на сериозно руско влијание.

Марионетите на западните кукловоди, забораваат или се прават недоветни дека  руското влијание кај нас заврши уште во далечната 1948, со историското „не“! Политиканти, кои со „трипер формула“ прават вештачка поделба на антиевропејци и русофили: подлизурковците што се за уставни измени, божемски биле прозападно ориентирани, а сите останати русофили. Не ја кажуваат само „кваката“ од последиците на измените!

Парадоксално и апсурдно, но завалиите се на иста фреквенција и със същия ум като българските  политици. Те „пичове“ ги искористија фикциите на македонските политиканти, па настапуваат со шупливата теза дека Македонија не го прифаќала бугарскиот диктат заради руското влијание.

Продолжуваат упорно да тврдат дека македонската државност, идентитет и историја биле измислени, креирани и манипулирани од Коминтерната и Тито, со пресудно руско влијание.

Бајгањовците „забораваат“ и „се прават на три и пол“ дека Руснакът им беше Големият брат, а бай Тоше снисходливо бараше да бидат шеснаесета советска република.

На овогодишната централна прослава на националниот празник 3 март на врвот Шипка, како и по главниот софиски булевар „Цариградското шосе“ се вееја руски знамиња.

Актуелното руско влијание е красноречиво. Во економијата, клучни државни институции, мрежи од поранешни агенти на безбедносните служби, олигарси, фирми и имоти на руски граѓани.

МЕКА МОЌ

Во русофилскиот список се и масонската ложа „Слънце-Ориент“, политичките партии „Възраждане“, „Има такъв народ“ и столетницата БСП.

Во списокот фигурира и актуелниот претседател, што претставува особено тревожен факт!

Да се биде на јасно! И во Македонија веројатно има прикриено руско влијание, но тоа е со „мека моќ“ и никогаш не било и не може да биде како, на пример, во Бугарија, Србија или Република Српска!

Нештата сосема се разголуваат, ако се има предвид дека Македонија уште по осамостојувањето стана „Казабланка“. Странски агентури ја направија „швајцарско сирење“.

Партизираните и профанисани македонски служби се профилираа во „приватни очи“ и „приватни кучиња“ за заштита на политичките и криминални структури.

Згора на тоа, со доаѓањето на власт на коалицијата Guns & Roses се вработија, главно на високи позиции, стотици безбедносно неподобни ликови со сомнително минато, кои не поседуваат безбедносни сертификати.

Најновиот инженеринг на продуцирање хаос со патните исправи може да биде, иако не мора, во директна функција на операционализирање на уставните измени за бугаризација со аплицирање за забрзано компензирање со бугарски пасоши.

Надреално и налудничаво! Инфантилна приказна за „руско влијание“, кое со уставните измени под български натисък, божем биле главна пречка територијата NMK да ги почнела преговорите со ЕУ!?

Поврзани новости