Италијанецот Јаник Синер и Русинот Данил Медведев ќе бидат учесници во финалето на првиот годинашен Грен слем тениски турнир – Австралија Опен во машка конкуренција.
Откако денеска Синер го шокираше бранителот на титулата, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во првото полуфинале со 6-1, 6-1, 6-7, 6-3, попладнево Медведев го победи Герменецот Александер Зверев по огромен пресврт, во второто полуфинале со 5-7, 3-6, 7-6, 7-6 и 6-3.
Овој меч траеше речиси четири и пол часа.
За Медведев ова ќе е трето финале во кариерата на Австралија опен, откако претходните две ги загуби, во 2021 година од Ѓоковиќ и во 2022 година од Рафаел Надал.
Тој во својата кариера има освоено само еден Грен слем трофеј, на УС Опен во 2021 година.
Неговиот противник Синер првпат во кариерата ќе игра грен слем финале.