Русинки, Украинки, Албанки и Србинки затекнати во акција против бело робје

by Fokus

12 девојки од Русија, Украина, Србија и Албанија биле затекнати во угостителски објекти во Охрид во полициска акција за сузбивање на трговија со луѓе. Во угостителските објекти од страна на државниот трудов инспекторат се констатирани и неправилности, информираат од МВР.

Трудов инспекторат ќе покрене санкции против сопствениците. Пет од 12-те девојки биле без пријавен престој во земјава. Странските државјанки се изведени пред Судија за прекршоци и согласно одредбите од Законот за странци изречена им е глоба и мерка протерување на странец од земјава.

Акцијата била спроведена вчера од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, Одделот за криминалистичка полиција, Регионалниот центар за гранични работи Запад, СВР Охрид и инспектори од Државниот трудов инспекторат.

Поврзани новости