Русинка роди бебе од ектопична бременост, 10 лекари се бореа за неа и за бебето.
Во бременоста една од многу сериозните состојби што може да се појават во текот на втората фаза е ектопична бременост, која настанува кога оплодената јајце клетка ќе имплантира надвор од матката.
Ваквата бременост е практично невозможна за носење и најдобро е да се открие на самиот почеток, пред да се развие плодот и да предизвика компликации.
Меѓутоа, во исклучително ретки случаи, овие бебиња може да се родат и да поминат девет месеци во утробата, надвор од матката.
Еден таков случај се случил во Сибир, а мајката (31) немала поим дека бременоста и е проблематична. Забременила по природен пат, а бидејќи немала никакви проблеми поради друга состојба, никогаш не отишла на лекар. Така било и кога почнало породувањето, немала причина да се сомнева дека нешто не е во ред, па решила да го донесе бебето на свет во сопствениот дом, јавуваат тамошните медиуми, пренесува Мондо.
Сепак, тогаш започнаа компликациите. Породувањето започна, а потоа одеднаш престана. Нејзиниот сопруг брзо ја однел во болница каде тим од десет лекари и помогнале да роди девојче.
Ја нарекле Вероника, што значи „победничка“. А за тоа дека ова име навистина и прилега сведочи и фактот што само едно од 625 милиони бебиња во светот успева да преживее вонматерична бременост.