Млада Русинка денеска беше осудена на 27 години затвор за испорака на бомба која минатата година експлодираше во рацете на провоен воен блогер, убивајќи го на лице место.
Дарја Трепова (26) е осудена од судот во Санкт Петербург за тероризам, ракување со експлозиви и користење фалсификувани документи во врска со смртта на блогерот Владлен Татарски.
Претходно, обраќајќи им се на повредените, таа рече дека чувствува „голема болка и срам што мојата лековерност и наивност доведоа до такви катастрофални последици“.
Нејзината одбрана најавува жалба.
Татарски беше убиен од бомба скриена во статуетка со неговиот лик која Трепова му ја дала за време на говорот што го одржал во кафуле во Санкт Петербург.
На судењето, таа рече дека дејствувала по наредба на Украинец со прекар „Гешталт“, кој и испраќал пари и инструкции неколку месеци пред бомбашкиот напад во кафулето.
Во своја одбрана, таа го призна своето противење на војната, додавајќи дека била врамена затоа што мислела дека статуетката содржи апарат за слушање, а не бомба, претпоставувајќи дека целта на прислушувањето на Татарски била да се добијат информации за војната.
Доколку пресудата стане правосилна, тоа ќе биде најстрогата казна изречена на жена во современата руска историја.