Илдар Дадин, познат руски опозициски активист кој се борел во Украина на страната на Киев, бил убиен во акција, според групата што го регрутирала.
Портпаролката на таа група за Би-Би-Си потврдила дека Дадин е убиен и додала дека „тој бил и останува херој“.
Активистот кој стана војник беше убиен кога војниците од неговиот волонтерски баталјон, Легијата на слободата на Русија, беа под руски оган во Харковската област, североисточна Украина.
Засега нема повеќе детали, а ниту од самата Легија не сакаат да коментираат, но нагласуваат дека воената операција се уште е активна.
Илја Пономарев, руски опозициски политичар во егзил, кој претходно се поврзуваше со Легија, изјави за Би-Би-Си дека е сигурен дека Дадин е мртов.
Дадин стана познат во Русија пред една деценија по неговата упорност да организира мирни протести додека таму се интензивираше политичката репресија.
Opozicioni aktivista Ildar Dadin, prvi aktivista u Rusiji koji je bio zatvoren (2015.) po tada novom represivnom zakonu o održavanju mirnih protesta, ubijen je boreci se za Ukrajinu.
Ildar je bio jedan od retkih koji je spasavao čast Rusima. Ne rečju, vec delom. pic.twitter.com/FlTeqFYzTh
— RUBS – Zajedno protiv rata (@ProtivRata) October 6, 2024
Тој беше првото лице кое беше обвинето според новиот закон од 2014 година, кој го прогласи за кривично дело постојаното кршење на сè порестриктивните правила за протести во Русија. Осуден е на две и пол години, а по доаѓањето во ќелијата веднаш штрајкувал со глад.
– Не можам да седам настрана и да не правам ништо и на тој начин да станам соучесник на руското зло, неговите злосторства – ја објасни Дадин својата одлука да им се придружи на руските доброволци кои се борат на украинската страна.