Демографска трагедија се случува во Русија. Во последните три години, земјата загуби околу два милиони повеќе луѓе отколку што инаку би изгубила, како резултат на војна, болести и егзодус.
Очекуваниот животен век на руските мажи на 15-годишна возраст е намален за речиси пет години, на исто ниво како и на Хаити. Бројот на Русите родени во април 2022 година не беше поголем отколку во месеците на окупацијата на Хитлер. И со толку многу мажи на воена возраст мртви или во егзил, сега жените ги надминуваат мажите за најмалку 10 милиони.
Војната не е единствената – па дури и главната – причина за овие неволји, но ги влоши сите. Според западните проценки, 175.000-250.000 руски војници биле убиени или ранети во изминатата година (руските бројки се помали). Некаде помеѓу 500.000 и милион претежно млади, образовани луѓе ја избегнаа „мелницата за месо“ бегајќи во странство. Дури и ако Русија немаше други демографски проблеми, губењето толку многу луѓе за толку кратко време би било болно. На овој начин, воените загуби ставаат се повеќе и повеќе оптоварувања на помалото, поболно население.
Корените на руската криза се 30 години наназад. Земјата го достигна својот врв на население во 1994 година, со 149 милиони луѓе. Вкупниот број оттогаш постепено се намалува. Имаше 145 милиони во 2021 година (таа бројка, од ОН, ги исклучува 2,4 милиони жители на Крим, кој Русија го окупираше во 2014 година). Според проекциите на ОН, вкупниот број би можел да биде дури 120 милиони за 50 години, доколку продолжат сегашните трендови.
Намалувањето на населението не е единствено само за Русија: повеќето посткомунистички земји забележаа падови, но не вака. Нивниот пад беше бавен, но поднослив. Во последните децении, руското население доживеа нагло опаѓање, потоа делумно закрепнување (благодарение на периодот на висока имиграција од делови на поранешниот Советски Сојуз и подарежливите детски додатоци по 2007 година), проследено со уште еден пад.
Проблемот со алкохолизмот
Според Државната агенција за статистика, во 2020 и 2021 година населението на земјата се намалило за 1,3 милиони; бројот на умрени ги надмина родените за 1,7 милиони (и ОН покажуваат пад, но тој е поплиток). Падот беше најголем кај етничките Руси, чиј број падна за 5,4 милиони меѓу 2010 и 2021 година, според пописот од 2021 година. Нивниот удел во населението падна од 78 на 72 отсто.
Севкупниот ефект од демографскиот пад ќе биде длабока промена во Русија – и на полошо. Повеќето од земјите кои претрпеа таков пад успеаја да избегнат големи социјални пресврти. Русија може да биде поинаква. Нејзиното население се намалува невообичаено брзо и би можело да падне на 130 милиони до средината на векот. Падот е поврзан со зголемената мизерија: Очекуваниот животен век при раѓање за руските мажи падна од 68,8 во 2019 година на 64,2 во 2021 година, делумно поради коронавирусот, делумно поради болести поврзани со алкохол. Русите сега умираат шест години порано од мажите во Бангладеш и 18 години порано од мажите во Јапонија.
Желбата за освојување
Се чини дека демографската јамка на пропаст не ја намали желбата на Путин за освојување. Но, таа брзо ја прави Русија помала, помалку образована и посиромашна земја од која младите бегаат и каде мажите умираат во нивните 60-ти. Инвазијата беше човечка катастрофа – и не само за Украинците.