584
Русија нема од денес да ја укине испораката на гас кон Европа бидејќи плаќањето за гасот кој е испорачан по 1 април, стигнува во втората половина на месецот и во мај, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
Истакна дека уредбата на рускиот претседател Владими Путин плаќањето да се врши во рубљи е неповратно, како и дека во моментов, според ставот на Русија, најдобра и најсигурна валута за плаќање е токму рубљата.
Руската енергетска компанија „Гаспром“ навела дека почнале да ги известуваат клиентите за новите руски правила. Посочуваат дека ќе останат одговорен партнер и ќе обезбедат залихи од гас.