Русија започнува со производство на серум против корона вирус

by Fokus

Производството на вакцина против корона вирусот во Русија ќе започне на крајот на летото, соопшти директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, Александар Гинцбург.

„Планираме до 15 јуни да почнеме со испитување на луѓето. Претходно е направено испитување на животните. Не знам колку ќе трае, но веќе почнавме со избирање на доброволци. Тоа што себеси си го дадовме не е тест, туку заштита како би ја продолжиле нашата работа, за да не дојде до сопирање на процесот“, истакна Гинцбург.

Што се однесува до производството, тој рече дека нема да може да се произведе голема количина на вакцини, со што не би можеле да се вакцинираат голем број граѓани. Но, што таа биде регистрирана, масовното производство ќе започне.

Поврзани новости