Руското Министерство за надворешни работи воведе санкции за 49 британски државјани, меѓу кои и речиси 30 медиумски работници.
„Во врска со антируските дејствија на британската влада за воведување лични санкции за водечките новинари на нашата земја и директорите на компаниите во домашниот одбранбен комплекс, беше одлучено на руската стоп-листа да бидат вклучени шефовите и дописниците на голем број големи британски медиуми, како и претставници на командата на вооружените сили, воено-индустрискиот комплекс и одбранбеното лоби на Велика Британија“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Се посочува дека британските новинари вклучени во списокот наводно биле вклучени во намерно ширење лажни и еднострани информации за Русија и настаните во Украина и Донбас.
„Нивните пристрасни оценки придонесуваат и за поттикнување русофобија во британското општество“, оцени руското Министерство за надворешни работи.
На веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Русија е објавен списокот на британски државјани на кои им е забранет влез во Руската Федерација.