418
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека уништено е складиште во централна Украина во кое имало над 100.000 тони воздухопловно гориво.
„Уништено е складиште за гориво во близина на селото Смила во регионот Черкаси, каде беа складирани повеќе од 100.000 тони воздухопловно гориво за украинските воздухопловни сили“, соопшти руското МО.