Овој руски регион се наоѓа во близина на Црното Море.
„Неколку беспилотни летала се обидоа да се приближат до територијата на нафтената рафинерија Илски во Краснодарската територија“, соопштија регионалните власти за вонредни состојби во објава на Телеграм
„Сите овие беспилотни летала се уништени, а рафинериската инфраструктура не е оштетена.“
Руските власти не кажаа кој го извршил нападот, а Ројтерс не може самостојно да ги потврди руските тврдења.
Еден ден претходно Москва објави дека Украина нападнала нафтовод на руска територија.
Киев речиси никогаш јавно не ја презема одговорност за нападите во Русија или на териториите под руска контрола во Украина.
Рафинеријата Илски, лоцирана во близина на пристаништето Новорисиск на Црното Море, има производствен капацитет од 6,6 милиони тони годишно. Оваа рафинерија овој месец беше цел на неколку напади.