516
Украина загуби 30 борбени беспилотни летала во последните три дена, во обид да го освои Змискиот остров, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.
На подрачјето на Змискиот остров, руската воздушна одбрана денеска собори едно украинско борбено беспилотно летало „Барјактар-ТБ2“, соопштил рускиот претставник, пренесува ТАС С.
Според Конашенков, Украина загубила 30 борбени беспилотни летала во изминатите три дена, меѓу кои и девет „Барјактар-ТБ2“.