722
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во текот на ноќта со ракети бил уништен брод на украинската морнарица во близина на Одеса.
Министерството соопшти дека неговите проектили ја погодиле корветата „Проект 1241“, класа советски ракетни корвети што НАТО ги нарекува „Тарантул“.
-Руската противвоздушна одбрана, пак, ноќеска собори и два украински бомбардери СУ-24 и хеликоптер Ми-24 над Змискиот остров во Црното Море, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
Според руското министерство, во последните 24 часа биле уништени вкупно четири украински воени авиони, четири хеликоптери и еден јуришен брод.
Овие наводи, меѓутоа, не можат да бидат потврдени од западни медиуми или независни извори.