428
Повеќекратниот светски шампион во џиу-џицу, Видади Марданов (32) е убиен во понеделникот вечерта во Дагестан, јавуваат руските медиуми.
Марданов истовремено бил и претседател на NFC MMA граплинг лигата, а бил убиен со пиштол околу четири часот наутро.
Споменатиот излегол од својата куќа да разговара со некого, но во текот на разговорот две лица го застрелале и побегнале.
Токму полицијата многу брзо пристигнала на местото и пронашла тело на маж како лежи на улица. Набрзо ги идентификувале напаѓачите, а според медиумите станува збор за Тимур Асадом (27) и Абдумислим Муртазалиев (23).