Русија денес употреби вето за да спречи усвојување на резолуција на Советот за безбедност со која се осудува анексијата на четирите украински региони, додека Кина и уште три држави членки беа воздржани.
Текстот подготвен од САД и Албанија доби десет гласа „за„, а четири земји беа воздржани – Кина, Индија, Бразил и Габон.
Русија беше единствена која гласаше против резолуцијата.
Американската претставничка во Обединетите нации Линда Томас Гринфилд, ја претстави резолуцијата која ги повикува земјите членки да не признаваат никаков изменет статус во Украина и побара од Русија да ги повлече своите трупи.
Вашингтон сигнализираше дека текстот по Советот за безбедност ќе биде наметнат и во Генералното собрание, каде ниедна од 193 држави членки нема право на вето.
Русија претходно денес анектираше четири украински региони, потег кој го осудија западните земји.