822
Русија подготви цел пакет санкции против земјите кои воведоа рестриктивни мерки кон Москва, а Западот ќе ги почувствува, изјави денеска претседателката на Горниот дом на рускиот парламент, Советот на федерацијата, Валентина Матвијенко.
– Возвратните меркии нема да бидат идентични со санкциите против Русија, но ние сме целосно свесни за слабоста на Западот. Подготвивме и цел пакет санкции кои ќе ги примениме против оние земји кои воведоа рестриктивни мерки против Русија, истакна Матвијенко пред новинарите.
Таа посочи дека Европа се казни само себе си со санкции против Северен поток 2, бидејќи тоа е доведе до зголемување на цената на гасот.
Матвијенко изрази уверување дека одложувањето на сертификацијата на тој гасовод е времено решение.