440
Руското Министерство за одбрана денес објави дека е спречен напад со украински беспилотни летала врз регионот на Москва и дека сите три беспилотни летала се соборени.
„Денес беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад врз цели во Московскиот регион со три беспилотни летала“, се вели во соопштението за печатот, цитирано од РИА Новости.
Според руското министерство, во неуспешниот напад нема жртви или материјална штета. Во соопштението се додава дека дроновите биле оневозможени со електронски средства, по што изгубиле контрола и паднале.